Претседателот се бира на непосредни избори каде гласаат граѓаните, тоа не се договара партиски, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференцијаво врска со изјавата на Али Ахмети на предизборен собир дека следно што ќе го реализира е Албанец да биде претседател на државата.
-Тој момент ќе сакам да го дочекам, да бидам жив и здрав, јас, а и сите ние што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред се и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните кои што најмалку 50% од Македонците, 50% од Албанците, 50% Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја би го гласале тој претседател, рече Заев.
Додаде дека тоа е добра амбиција за да се алудира кон македонското гласачко тело или неалбанското гласачко тело.
-За ваква амбиција на ДУИ треба и мнозинство гласање од неалбанското гласачко тело, му одговори Заев на Ахмети.