Пациентите со ковид да не се лекуваат дома ако тоа не им го препорача матичен и тоа на писмено

Граѓаните кои се позитивни на ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

Ваквиот апел од Државниот санитарен и здравствен инспекторат доаѓа по претставката што ја добиле од здравствен работник, за починато лице ковид 19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.

Блиски родини на починатото лице изјавиле дека починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала.

Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ, веднаш по преставката на здравствениот работник, излегле на терен и утврдиле дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај.

Од тие причини, ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи.

Претходна вестИтно нека ни ја вратат радиодифузната такса
Следна вестЗаев за изјавата на Ахмети за претседател Албанец: Тоа не се договара партиски, да сме живи да дочекаме