Многу од истакнатите македонски функционери деновиве се растрчани. Владините првенци тераат кампања низ Македонија, а Претседателот Стево Пендаровски е во посета на Шведска.
Министрите посетуваат митинзи, а Претседателот вчера посети македонска православна црква во Малме. Денеска се возел со воз. Самиот Пендаровски на Твитер ставил своја фотографија направена додека патува и кратко додал:
-Со возот Малме – Гетеборг – Стокхолм, напишал претседателот.
Нема повеќе информации дали наскоро може да очекуваме фотки и ако се вози и во некој градски автобус во Стокхолм или било каде во Шведска.
Нема најава и кога Претседателот ќе се вози со воз низ Македонија. За да види какви се возовите и железничките станици во неговата земја.