Ограбена аптека во Аеродром, втор случај за неколку дена во Скопје

Разбојник ограбил  аптека во скопската населба Аеродром.

Според информациите на МВР, вчера во 21:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул. „Јане Сандански“ едно лице ѝ се заканило на вработената и украло пари.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пред неколку деа беше ограбена аптека на „Партизанска“. Разбоојникот на сличен начин со закана и сила кон вработената успеал да ги земе парите од касата.

Претходна вестУниверзална сала ќе имаме следната година
Следна вестПендаровски се возеше во воз во Шведска, а кога и во Македонија?