Универзална сала ќе имаме следната година

Реконструкцијата на Универзалната сала ќе заврши во текот на следната година.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска беше на увид во градежните работи и рече дека таа ќе остане во постојниот облик и габарит, и автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.

Проектот за реконструкцијата на Универзална сала е изработен од архитектот Бујар Муча, а јавноста беше гласна за тоа Универзална да ја биде во постојната форма и на постојната локација.

За Универзалната сала Владата издвои 120 милиони денари.

-За реконструкцијата на Универзална сала постоеја неколку проекти изработени по налог на претходните градоначалници кои беа прескапи и не ги задоволуваа потребните просторни капацитети. Реконструкцијата на Универзална сала по проект со постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект, изјави Шилегов.

По прес-конференцијата на Шилегов, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што порачаа дека реконструкцијата на објектот досега можеби ќе беше завршена, но како што велат, градоначалникот имал други приоритети.

-Шилегов ќе ја реконструираше Универзална сала, ама беше зафатен со кревање два ката на зградата дивоградба и хациендата во Маврово. Универзална сала можеби и ќе беше завршена да не требаше да се платат 1.7 милиони евра за противпожарната скала, каква што во Загреб е платена за 900.000 евра. Универзална сала сигурно ќе беше завршена и Шилегов ќе ја направеше, ама мораше да распише местен тендер од 300.000 евра за да ги покрие градежните зафати на Варшавска каде плаќал и до 8 пати повеќе од претходно. Шилегов можеби и ќе ја направеше Универзална, ама цел мандат се мисли како да ги пробие тунелите под Кале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестВо Скопје ќе се тестираат 766 ученици, од денеска се собираат согласности, од следната недела скрининг
Следна вестОграбена аптека во Аеродром, втор случај за неколку дена во Скопје