Во Скопје ќе се тестираат 766 ученици, од денеска се собираат согласности, од следната недела скрининг

Со скринингот со брзи антигенски тестовиќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ќе се опфатат вкупно 364 основни и 109 средни училишта ширум државата, а за тоа е потребна согласност од родителите или старателите на учениците, што почна да се бара од денеска, а скринингот би почнал следната недела.

Скринингот ќе се прави по случаен избор на ученици, а тестирањето ќе го прават здравствени работници, кои ќе ги тестираат учениците во самите училишта, во просторија одредена од страна на училиштето.

Најмногу тестирања ќе бидат спроведени во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296. Додека пак, во рамки на училиштата на општините и градот Скопје, скринингот ќе опфати 766 ученици.

Од МЗ велат дека тестирањето, трае помалку од една минута, истото е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина.

-Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот Ковид 19, односно дали истиот се шири низ училиштата и каква е трансмисијата.

 

Претходна вестСкопјанец фатен на Богородица со четворица мигранти од Куба
Следна вестУниверзална сала ќе имаме следната година