Пендаровски се возеше во воз во Шведска, а кога и во Македонија?

Многу од истакнатите македонски функционери деновиве се растрчани. Владините првенци тераат кампања низ Македонија, а Претседателот Стево Пендаровски е во посета на Шведска.

Министрите посетуваат митинзи, а Претседателот вчера посети македонска православна црква во Малме. Денеска се возел со воз. Самиот Пендаровски на Твитер ставил своја фотографија направена додека патува и кратко додал:

-Со возот Малме – Гетеборг – Стокхолм, напишал претседателот.

Нема повеќе информации дали наскоро може да очекуваме фотки и ако се вози и во некој градски автобус во Стокхолм или било каде во Шведска.

Нема најава и кога Претседателот ќе се вози со воз низ Македонија. За да види какви се возовите и железничките станици во неговата земја.

Претходна вестОграбена аптека во Аеродром, втор случај за неколку дена во Скопје
Следна вестКампања уште денеска и утре