Вакцинираните со кинеските вакцини трета доза ќе примаат три месеци по втората

Комитетот за имунизација денеска донесе одлука дека сите кои примиле прва и втора доза од вакцините на кинеските прозиводители „Синофарм“ или „Синовак“ ќе може да примат трета засилувачка доза по три месеци откако ја примиле втората доза, а не шест како што е за другите типови вакцини.

Третата доза, како што е познато е од производителот „Фајзер/Бионтек“. Комитетот за имунизација, на почетокот на месецов ја прошири препораката и наместо за одредени категории на граѓани – над 60 години, здравствени работници и лица со послаб имунитет за кои беше препорачана, трета или засилувачка доза ќе може да добијат и други лица.

 

Претходна вестАрсовска пред Шилегов со скоро 8.000 гласа
Следна вестЗа една недела починале 26 целосно вакцинирани лица, најголем број биле со „Синофарм“