Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека верува дека до крајот на неделава ќе се заврши скринингот на околу 500 деца, имајќи ја предвид динамиката со која пристигнуваат согласностите од родителите.
Досега вели дека нема позитивен тест на ниедно дете во училиштата, што е одличен знак иако смета дека треба да се причека крајот.
Онаму каде не добиле согласност, се оди на алтернатива на друго дете во класот. Досега не наишеле на некаков отпор нема.
Тој најави дека со Светска банка разговараат и за скрининг за хронично болните, но тоа ќе трае подолго време, повеќе месеци.