36-годишен скопјанeц се сомничи за кражба на пари од возило во Скопје.
Вчeра во 19.30 часот на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го привеле М.И.(36) од Скопје, поради сомнение дека околу 16.00 часот на ул„Методија Андонов Ченто“ обил возило „ауди“, сопственост на В.З.(45) од Скопје и од негоо одзел пари.
Одземените пари биле пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот.
М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.