ГТЦ ќе добие систем за енергија од сонце

АД ЕСМ и АД ГТЦ ќе постават сончеви колектори на покривот на Градскиот трговски центар.

Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот.

-Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување покрив на деловен објект, велат од ЕСМ.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, особено на сончевата енергија.

Претходна вестДо понеделник сонце, од вторник дожд
Следна вестДа не е очајно ќе биде смешно: За 1.000 денари купуваат гласови во Македонска Каменица