Оставка или почеток на процедура за гласање на недоверба на Владата е расплет кој се очекува денеска по ситуацијата која настана со најавената но неподнесена оставка на премиерот Зоран Заев. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе порано најави дека доколку Заев денеска не поднесе и писмена оставка тогаш тие во 14.30 часот до Собранието ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата.
Од Владата, како и од владеачката партија СДСМ се уште нема најави за тоа дали премиерот и партискиот лидер во текот на денот ќе стави потпис на изјавата со која денеска би почнала прецерурата за негова смена.
Што ќе направи Заев треба да оидлуши за кратко време, односно за неколку часа.
Од ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека тие располагаат со потписи на 61 пратеник, доволни за изгласување на недоверба на Владата. Откако ќе ја добие иницијатива, Талат Џафери, претседателот на Собранието треба да ја почне процедурата за свикување на собраниска седница, а рокот за тоа е три дена, односно четврток. Според собранискиот Деловник, претресот и гласањето за недоверба на Владата се одржуваат третиот ден од денот на поставувањето на прашањето. Расправата може да се води до полноќ, кога треба да се гласа. Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, премиерот до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа. Во случај Заев сепак ја поднесе оставка пред да биде поднесено барање за доверба, тогаш претседателот на Собранието е должен на првата наредна седница само да ја констатира оставката, без расправа или гласање.
Новото собраниско мнозинство го сочинуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беса и Левица. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика и другите пратениците од владејачката коалиција на СДСМ да бидат дел од новото мнозинство.