Лесно се вади пиштол за се и сешто, па дури и за недоразбирање во сообраќај

Скопјанец на возраст од 25 години со инцијали Д. П., вчера, во вечерните часови, пријавил инцидент што се случил на булеварите Борис Трајковски и Коцо Рацин.

Според пријавата на Д. П., додека се превезувал во автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф. С. (25) од Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, едно лице, кое управувало автомобил „форд фокус“, им се заканувало со пиштол.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестБез вода утре неколку улици во Сингелиќ и Стајковци
Следна вестПредвремени избори: Разводнета или се уште реална опција?