Граѓани на Бугарија положија цвеќе, оставија играчки и запалија свеќи пред македонската амбасада во Софија во знак на сочувство за загинатите во тешката сообраќајна несреќа со македонски автобус, што се случи во Бугарија.
46 лица, меѓу кои и деца, загинаа во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“.
Седум лица се повредени. Тие се сместени во болницата „Пирогов“, и не се во животна опасност, но се во шок.
Засега не се познати причините за несреќата. Се споменува дека, најверојатно, до несреќата дошло поради техничка неисправност или човечка грешка.