Home АКТУЕЛНО Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени две лица

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени две лица

0

Полициски службеници ги привеле И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид поради дрога.

„На 25.11.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишиле од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, информираат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.