Двајца од повредените во автобуската несреќа утре се враќаат во земјава

Првите двајца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија утре ќе бидат префрлени во Скопје, а првично ќе бидат сместени во скопските клиники.

В недела (28 ноември) ќе бидат префрлени уште двајца од повредените, други двајца на 30 ноември, а последниот преживеан ќе биде префрлен на 1 декември.

Српскиот државјанин, кој е меѓу преживеаните, ќе биде пренесен во Србија.

Планот за пренесување на повредените патници на прес-конференција попладнево го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За пренесување на посмртните останки на 45-те загинати, пак, се чека да заврши процедурата за идентификација на телата, за што првичните најави се дека ќе бидат готови во вторник или среда.

Шефот на дипломатијата рече дека пренесување на посмртните останки ќе го организира МНР, за што ќе бидат ангажирани повеќе фирми, и ќе биде во согласност со семејствата.

Претходна вестПрофесорот Мицкоски го падна на испит Шилегов и неговиот автобуски проект
Следна вестАвтобусот на „Беса транс“ оваа година 113 пати возел луѓе во странство со туѓа лиценца