Во 2020 година овој автобус имал 22 излегувања и влегувања од државата.
Автобусот на „Беса транс“ кој во смрт однесе 45 луѓе само оваа година 113 пати носел патници во странство, а за тоа користел лиценца (дозвола) од друг автобус. Лани такви патувања на истиот начин имал 22.
Овие фрапатн податоци денеска на прес конференција ги соопшти министерот за ватрешни работи Оливер Спасовски, неколку дена по трагедијата, додека во Бугарија се води истрага.
Автобусот е произведен е во 2007 година, регистриран на 15 октомври оваа година (важност до 13.10.2022), а последниот технички преглед е направен на 5 октомври годинава и притоа не се регистрирани отстапки или укажувања за неисправност.
Во однос на инспекциските проверки, ова компанија и во 2020 и во 2021 година има кривични пријави и прекршочни постапки, но поврзани со прекршувања на ковид-протоколите.
По несреќата, како што кажа Спасовски одговарајќи на новинарски прашања, покрај истрагата на бугарските органи која треба да покаже како дошло до несреќата, во нашето обвинителство е оформен предмет кој треба да ги открие сите факти и докази околу тоа дали имало незаконско работење.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференцијата попладнево го потврди она што претходно и преку соопштние го соопштија од Министерството – дека автобусот со кој настрадаа 45 лица, а седуммина се повредени во сообраќајката во Бугарија користел извод од лиценца од друг автобус, а понекогаш при премините на границата била прикажувана лиценцата која ја поседувала компанијата за меѓународен превоз на патници.
Оваа лиценца е одземена.
Бочварски исто така рече дека „Беса транс“ поседувала и лиценца за превоз на патици во внатрешниот сообраќај, но таа им истекла во октовмри. Дали „Беса транс“ во меѓувреме вршела превоз на патници и низ државава со истечена лиценца, не се знае.
Во однос на двајцата возачи на кобниот автобус, Бочварски рече дека тие се воделе како невработени. Меѓутоа, едниот има сертификат за меѓународен сообраќај кон важел до 2023 година, додека на другиот сертификатот истекол во септември 2020.