Актуелната политичка состојба, разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и дебата за оставката на Заев. Ова се темите на седницата на Централниот одбор на СДСМ што се одржува вечерва.
– Што ќе реши мнозинството тоа ќе биде одлуката. Ќе видиме како ќе оди дебатата внатре. Ако се отвори постапката ќе има секој право да се кандидира што ги исполнува условите, изјави членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири.
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.
– Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ која ќе се одржи вечер, беше одложена во вторникот поради тридневната жалост.