Директорот на ТИРЗ Деспотовски е четвртиот во трката за лидер на СДСМ

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за лидерската позиција поднесе Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за слободни економски зони.

Деспотовски со кандидатурата ја достави и неговата програма „Концепт 28“.

-Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.

Изминатите денови кандидатури поднесоа Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Властимир Алексовски. Рокот за поднесување е до денеска.

 

Претходна вестВоислав Димитровски е нов директор на „Лајка“
Следна вестГерасимовски ги слушна жителите на „Мирослав Крлежа“ – улицата ќе биде според нивните потреби