ОВР Неготино заедно со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против 24-годишен полициски службеник од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „оддавање на службена тајна“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член .353 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, по преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека полицискиот службеник давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал.
Тој е лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и му е одреден притвор.