Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои се замрзнуваат цените на оние кои биле на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо. Се работи за оризот, јајцата и тестенините.
Претходно, на оваа листа се најдоа: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда.
Ваквата одлука е со цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.
На бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) граѓаните можат да пријават случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи кои со одлука на Владата се замрзнати.