Заев ќе им го претстави наследникот на коалициските партии

Новоизбраниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и актуелен премиер Зоран Заев денеска ќе одржат средби со претставници на коалициските партнери кои се дел од парламентарното мнозинство.

Од СДСМ велат дека станува збор за консултативни средби за запознавање со начинот на досегашната соработка со коалициските партнери, како и идната соработка во коалицијата.

Се очекува  до крајот на неделава да се изврши и официјално примопредавање на лидерската функција во СДСМ откако Ковачевски завчера на внатрепартиски избори беше избран за нов претседател на местото на Заев, кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.

Претходна вестВладата ги „замрзна“ цените и на оризот, јајцата и тестенините
Следна вестАгент за недвижности кој измами десет граѓани доби условна казна