Две деца на 15-годишна возраст се степале во близина на средно училиште во Центар.
МВР информираше дека настанот се случил вчера на пладне.
-Во близина на средно училиште на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца 15 годишници од Скопје, соопшти МВР.
Сочинети се записници за констатиран прекршок.