И утре нема да работат семафорите кај „Веро џамбо“

И утре, како и денеска од 8 до 15:30 часот нема да работат семафорите во некои делови од Скопје кои ќе останат без електрична енергија.

Од ЕВН информираа дека во тој период ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ин“ и околината.

ЈП Улици и патишта по најавите на ЕВН ги повикува надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.

Претходна вестОд Британија ни пристигна омикрон
Следна вестСредношколци се степале вчера попладне во Центар пред школо