Се расчистува дивата депонија во Долно Лисиче

Комуналните служби на општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија, лоцирана во Долно Лисиче.

-Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа што е премногу лоша слика за тој дел од општината, претставува и голема опасност за животната средина и здравјето на жителите, посочуваат локалните власти.

Од општината велат дека се лоцирани сите депонии на територијата на Аеродром и активно се работи на нивно расчистување. Воведена е и сменска работа на инспекциските служби, кои се постојано на терен и ги едуцираат жителите, а во краен случај и ги казнуваат несовесните граѓани што фрлаат шут и отпад на јавни површини.

Расчистувањето на дивите депонии е една од првите мерки кои ги презеде и градската власт за да се спречи загадување на воздухот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето да има пратенички прашања за Владата
Следна вестШто може вистински да промени заробениот партиски ум?