Распукани внтрешни и надворешни ѕидови – вакви последици има во Битола од земјотресот што вчеравечер го погоди регионот на Лерин, Грција.
Најсилниот земјотрес е со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала и со епицентар во Лерин, Грција.
Регистриран е и трет земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а со епицентар на 19 километри од Битола.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на Фејсбук објави неколку фотографии од објекти во Битола.
„Силен земјотрес во Битола“, напиша Милевски кај фотографиите.