Петличковски немало да работи по принципот „ако Англија ги тргнала маските и ние веднаш да го направиме истото“

Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски и официјално е нов претседател на Комисијата за заразни заболувања. Досегашниот претседател Жарко Караџовски и натаму останува да биде член на оваа советодавно тело на министерот за здравство. Лице кое ќе биде задолжено за комуникација со новинарите е назначен д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом „Скопје“.

Петличковски по денешната седница изјави дека засега не се размислува за воведување на нови мерки и рестрикици.

-Нема да работиме на принцип „Во Англија ги фрлиле маските, тоа ќе го направиме и ние“. Нема толку едноставно да ги прифаќаме работите, ќе ги следиме сите научни сознанија по што ќе произлегуваат низа препораки. Од сите дискусии ќе произлегуваат препораките. Ние се обврзуваме да ги пласираме најновите сознанија, рече Петличковски.

Тој додаде дека со скринингот на учениците ќе бидат опфатени 10.000 до 20.000 основците и средношколци по случаен избор.

Министерот за здравство Беким Сали, по денешниот состанок на ова тело рече дека Комисијата за заразни болести има нов состав. Комисијата ќе се состанува секој вторник, па дури и почесто доколку има потреба за тоа. Состаноците ќе ги свикува претседателот на Комисијата Петличковски, а по потреба и самиот министер ќе присуствува на состаноците. Во составот на Комисијата се уште: д-р Кристина Ставридис, доц. д-р Шабан Мемети, проф. д-р Калина Грифчева Ставрова, проф. д-р Невзат Елези, д-р Дугаџин Османи, д-р Жарко Караџовски, Д-р Иринка Сотирова Бухова, проф. д-р Кристина Ставриќ, д-р Милена Стевановиќ, проф. д-р Звонко Миленковиќ, д-р Фадиљ Цана, научен соработник Марија Динзова, д-р Илир Демири, д-р Виктор Исјановски, д-р Билјана Деспотовска Ристовска, проф. д-р Ниќо Беќаровски, д-р Арбен Лабуништа, д-р Марија Дуганова, д-р Марија Маневска, д-р Јованка Костовска, д-р Златко Арсениовски и д-р Драган Ѓорѓиевски.

Инаку, во досегашниот тек на пандемијата јавноста имаше доста забелешки за работењето на претходниот состав на Комисијата, но и дека политиката има влијание во нејзиното работење. Како ќе работи новиот состав ќе се види наскоро.

 

Претходна вестКонечно институциите се растрча околу безбедноста на пешаците, ќе бидат ли темелни?
Следна вест35 починати лица, регистрирани 2000 новозаразени од Ковид-19