Спиро Ристовски со гаранција во имот излегува од куќен притвор

Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје,за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор.

Според последната одлука на Кривичниот совет, на осудениот Ристовски му е прифатена гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар, ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор.

Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбените наводи на странките.

Претходна вестКовид-сертификатите нема да се укинат, вакцинацијата е слаба
Следна вестСин уби татко во Бутел