Во македонското Собрание денеска на дневен ред се измените на Законот за минимална плата предложен од Владата. Минималната плата се зголемува од 15.200 на 18.000 денари, што значи над 80.000 работници ќе добиваат по 45 евра повеќе секој месец.
-Тоа е двојно поголема минимална плата во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 8.800 денари. Официјалните податоци покажуваат дека во 2014 вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари, соопшти владеачката СДСМ.
Тоа значи дека за 9 отсто е зголемена вредноста на синдикалната кошница за седум години, поради повисоки цени, а минималната плата за истиот период е зголемена за 100%. СДСМ е на страната на работниците и го подобрува животниот стандард на граѓаните, на работниците“ порачаа од партијата.