А секој петок ли ќе работи државната администрација?

Владата, сега пред избори, се сети дека има недовршена работа околу државната администрација. Изготвен е предлог Законот за административни службеници каде се предвидува намалување на работното време на административците од 40 на 36 часа во неделата. Административците кои земаат плата од буџетот, кој пак е полнет од граѓаните на Македонија, во петок ќе работат само четири часа.

Ете, тоа е дел од реформата. Граѓаните пак очекуваа дека ќе реализираат некои од многуте ветувања да ја направат администрацијата поефикасна и пред се дека ќе го намалат бројот на државни службеници бидејќи е преголем и прескап.

-Ова повеќе личи на антиреформа или пак на почестување на администрацијата пред избори, е една од многуте реакции на граѓаните на социјалните мрежи.

Законот во догледно време се очекува да оди на усвојување. Пред тоа би требало да има јавна расправа. Да се надеваме дека власта реформата нема да ја прошири па администрацијата да не мора и секој петок да доаѓа на работа.

 

Претходна вест„Левица“: Не го признаваме пописот, останаа непопишани 300.000 граѓани кои имаат државјанства
Следна вестНаутро зима, преку ден лето- температурни разлики од 15 и повеќе степени