„Левица“: Не го признаваме пописот, останаа непопишани 300.000 граѓани кои имаат државјанства

Пописот во Македонија заврши. Властите велат дека се било успешно спроведено. Но, така не мислат од партијата „Левица“. Оваа партија која и единствена јавно повикуваше на бојкот на пописот сега соопштува дека нема да го признае резултатот кој треба да биде објавен по 6 месеци.

-Сите предвидувања и опомени кои ги дадовме се случија за време на пописот. Се попишуваше без документи, се даваа податоци за трето лице, немаше никакви заштитни механизми, посочи пратеникот од оваа партија Борислав Крмов.

Тој посочи дека целата операција била сведена на трчање по матични броеви, па оттаму, како што рече, и има нелогичности во бројките што ги објавува ДЗС за тоа колку се попишани.

Анализирајќи ги објавените бројки на попишани и бројот на издадени државјанства, кој се движи околу 2.5 милиони, тој констатира дека непопишани останале околу 300.000 граѓани. Партијата поднела и кривична пријава за раководните лица на ДЗС.

Претходна вестСкејтбординг натпревар во сабота и недела во Скопје
Следна вестА секој петок ли ќе работи државната администрација?