Абдуш Демири го помина комисискиот филтер за нов член на ДИК

Со 10 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени за нов член на Државната изборна комисија. Предлогот за нов член на ДИК треба да се гласа на пленарна седница. За изборот на Демири за нов член на ДИК потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство од гласовите во Собранието.

Во „трката“ за член на ДИК беше и кандидатот Зулфи Адили предложен од Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, кој вчера се повлече поради неговото именување за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда едно место во ДИК остана испразнето. За член на Државната изборна комисија пријавени беа два кандидата – Абдуш Демири, поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени и Зулфи Адили подржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.

Претходна вест24-годишна скопјанка и 52-годишен маж загинаа во вчерашната сообраќајка на патот Штип-Кочани
Следна вестПет оформени предмети во Уставниот суд за личните карти, возачките дозволи и пасошите