24-годишна скопјанка и 52-годишен маж загинаа во вчерашната сообраќајка на патот Штип-Кочани

Македонската јавност вчера беше потресена од веста дека во тешка сообраќајна несреќа две лица го загубиле животот, а повеќе беа повредени. Денесka, од полицијата соопштија детали како настанала несреќата, но и иницијали и возраст на загинатите лица.

Вчера во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани во близина на село Жиганци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, „Голф“ со кочански регистарски таблици, управувано од 54-годишниот Д.Д. од Кочани, патничко возило „Сеат“ со скопски регистарски таблици управувано од 25-годишниот М.А. од Скопје и патничко возило „Цитроен“ со винички регистарски ознаки управувано од 58-годишната Л.С. од Виница.

– На самото место на несреќата од здобиените повреди починале сопатничката од возилото „сеат“, со иницијали Н.П. на возраст од 24 години и сопатникот од возилото голф, Г.А. на возраст од 52 години од Кочани. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Кочани. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите на „Голфот“ и „Цитроенот“, сопатникот од „Голфот“ на возраст од 52 години и две сопатнички на возраст од 63 и 84 години од „Цитроенот“ и двете од Виница. Повредите се констатирани во Општата болница Кочани, Клиничката болница Штип и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, сообраќаен вештак и увидна екипа“, изјавија од СВР Штип.

Во оваа фаза СВР Штип соопшти дека не може да споделува податоци за сообраќајната несреќа заради доследно почитување на предистражната постапка.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски
Следна вестАбдуш Демири го помина комисискиот филтер за нов член на ДИК