АД ЕСМ ќе бара стратешки инвеститор за гасно-водородни централи во Битола и Неготино

Владата го задолжила АД ЕСМ да почне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино, информира владината прес-служба во соопштение по денешната седница на Владата.

На седницата донесена е Одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи.

-Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800МЊ гасно – водородна централа Неготино и 250 – 300МЊ гасно – водородна централа Битола. Задолжено е АД ЕСМ да отпочне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино), согласно Законот за стратешки инвестиции, информираат од Владата.

Претходна вестУставните судии потврдија дека каматите не смеат да го надминат долгот
Следна вестЦУК: Во пожар најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице во Општина Аеродром