Администрацијата сепак на 1 февруари нема целосно да се врати на работа

Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите да продолжи да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите и да не се менува работното време на угостителските објекти и тие да продолжат да работат до 21 часот.

Ова се препораките на Комисијата за заразни болсети, што попладнево ги соопшти Министерството за здравство.

Тоа значи дека на сила најверојатно ќе останат истите досегашни мерки за заштита од натамошно ширење на ковид-19, односно и покрај препораката од МИОА, администрацијата од 1 февруари нема да се врати на работа во полн состав.

Исто така, нема да се исполнат ниту барањата на угостителите, работното време на кафеаните, кафулињата и рестораните да се продолжи до 23 часот.

Претходна вестПендаровски: Пописот ќе не соочи со стравот колку всушност сме малку
Следна вестГрупа измамници одземале автомобили и ги продавале – Обвинителството ги гони, полицијата ги бара