Агелер: Притисоците врз судството мора да престанат

Притисоците врз судската власт мора да престанат. Независноста на судството е суштинското значење во обезбедувањето на транспарентно и правично општество порача денеска амбасадорката на САд во наша земја Анџела Агелер. Таа се обрати на меѓународната конференција по повод 60 години од основањето на Уставен суд. Според неа, судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото, оти, како што рече, граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и сè повеќе го бараат тоа.

-Јас имам слушнато од многу од вас за притисоците коишто се ставени врз вас. Притисоците врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат слободни за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа и се повеќе го бараат тоа, порача Агелер.

Во обраќањето, таа ја нагласи, како што рече витална и незаменлива одговорност на Уставниот суд во изминатите шест децении во заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на говорот.

-Во САД и тука во Северна Македонија овој суд е од суштинско значење за да се овозможи транспарентно и правично општество. Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата кои што се втемелени во нашите устави. Американскиот уставен судија се уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии кои што се под влијание на политички бранови. Притисокот кој што е ставен врз судиите во овие судови може да биде огромен. Ние како граѓани инсистираме притисоци да бидат елиминирани и нашите судии секогаш да бидат независни без оглед на нивното потекло и лични мислења, рече Агелер.

Претходна вестКовачевски додаде уште 200 километри на веќе изградените и поправени 1.300 километри патишта
Следна вестВремето денес облачно со повремен локален дожд