Ковачевски додаде уште 200 километри на веќе изградените и поправени 1.300 километри патишта

СДСМ во целиот свој мандат укажува дека е градителска партија. Тоа и низ разни примери го апострофира.

Најново поентирање денеска направи лидерот на партијата Димитар Ковачевски.

-Во мандатот на СДСМ од 2017 година до денес рехабилитирани се и изградени патишта во должина од преку 1.500 километри, изјави поранешниот премиер Ковачевски. Тој денеска беше на увид во изградбата на локални улици, во населбата Хиподром 2, во општината Гази Баба.

Ковачевски потенцираше дека реконструкцијата на локалните улици во оваа скопска населба е направена со буџетски средства.

– Во овој момент се работи на повеќе автопатски делници, се градат нови 168 километри автопат и се рехабиитираат околу 40 километри. Досега комплетно изградивме и пуштивме во употреба два нови експресни патни правци во должина од 68,5 километри, кои што се инвестиција од 110 милиони евра, а се градат и два нови експресни патишта во должина од 50 километри, изјави Ковачвески.

При тоа, Ковачевски посочи дека во однос на локалната патна инфраструктура, се градат преку 250 километри локални патишта низ општините, преку проектот од Министерството за транспорт и врски, во износ од 70 милиони евра. До сега комплетно е завршена реконструкцијата на 180 локални патишта и улици со вкупна должина од 173 километри, во над 65 општини.

Изјавата на лидерот на владечката партија доаѓа по година дена откако Ковачевски во видеоспотот се пофали дека во мандатот на неговата партија биле изградени нови 1.300 километри патишта. Тогаш, фалењето на Ковачевски предизвика и бројни реакции и подбивања во јавноста. Дел од медиумите направија и проверка на објавениот податок за да потоа се констатира дека тој не соодвествува со реалноста на теренот. 

-Единствениот нов пат кој го започна и заврши неговата Влада е експресниот пат Крупиште – Кочани од 13,7 километри, потенцираа медиуми и граѓани на социјалните мрежи. „Дури и ако пампонираните сокаци низ земјата ги пшресметуваа, нема да се дојде до 1300 километри“, наведуваа тие.

Но, еве сега Ковачевски сето тоа го демантира и додава нови 200 километри кои биле се направени и обновени во Македонија па се стаса до бројка од 1.500 километри. Колку ли ќе бидат до крајот на кампањата уште не е познато.

Претходна вестАгелер: Мора да престанат притисоците врз судската власт
Следна вестАгелер: Притисоците врз судството мора да престанат