Ахмети ги соопшти имињата на кандидатите за министри од ДУИ

По денешната седница на партискиот централен совет, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги соопшти имињата на нивните кандидати за министри во новата влада по договорот со СДСМ за поделба на ресорите.

-Ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешна работи, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Насер Нуредини во животната средина и останува да се договориме со коалициските партнери за министер во Министертвото за информатичко општество, посочи Али Ахмети.

Тој рече дека идната влада како и во минатото така и во иднина ќе ги носи сите одлуки со демократско начело на консензус, како и дека има многу работи на кои ќе се посветат.

За Насер Зибери, кој беше кандидат за премиер на ДУИ, Ахмети исткана дека тој како нотар продолжува со својата работа, а во иднина ќе се одлучува за евентуална функција.

Претходна вестГорела кафеана во Автокоманда, двајца повредени при гаснењето
Следна вестЗаев ги соопшти кандидатите за министри, Владата ќе има 7 министерски места помалку