Ахмети го предложи Бујар Османи за претседател: ДУИ бара и потпретседател на државата

Откако вчера беше најавено дека партискиот лидер на ДУИ, Али Ахмети ќе ја соопшти „големата вест“, ниту во објавата на вицепремиерот Груби ниту, пак, во партиското соопштение на ДУИ не беше прецизирано за што точно ќе говори првиот човек на партијата. Пред малку, Ахмети на прес-конференција во седиштето на партијата излезе со неколку пораки и барања, меѓу кои и тоа дека актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на ДУИ.

Меѓудругото, Ахмети порача:

-Ве повикувам да се собереме на најважниот референдум на денешнината за:

Да и кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!

Да го избереме претседателот и заменик претстедателот со 2/3 од гласовите и со двојно мнозинство на Бадентер.

Бујар да ја води промената која ја бараме и во нашата програма во 2016 и 2020 година.

Отворањето на Уставот за прашањето на Претседателот, ќе го овозможи и одобрувањетто на Договорот за добрососедство и продолжетокот на европската интеграција, изјави лидерот на ДУИ во своето обраќање.

Претходна вестКовачевски и Спасовски без фотелјите, ама со апанажите…
Следна вестПратениците не треба да брзаат со притискање на копчето за гасната централа на „Митилинеос“