Ковачевски и Спасовски без фотелјите, ама со апанажите…

Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски веќе извесен период не седат во премиерската и министерската фотелја. Колку за нив тоа е стрес, никој не знае. Но, мало залечување на ,,раните’’ најверојатно ќе им биде апанажата која ја побарале.

Двајцата поранешни функционери ќе добиваат месечен надоместок од околу 2.500 евра. Ова, експресно им било овозможено и одобрено од мнозинството во Собранието.

Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, ги усвои, односно ги прифати барањата од поранешниот премиер Ковачевски и од поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски да добијат апанажа.
Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, а тоа значи дека и двајцата цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно.

Како што пренесуваат медиуми, единствено пратеници од СДСМ биле присутни во салата, а со седум гласа „за“ и без никаква дискусија биле усвоени решенијата.
Покрај правото на дебела апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило.

Инаку, да потсетиме дека пред неколку месеци функционерите добија повисоки плати за 78 отсто во време кога и пензионерите бараа повисоки пензии и многу граѓани бараа мало покачување на своите плати.

Претходна вестГрција лани сруши рекорд во туризмот, ја посетиле 33 милиони туристи
Следна вестАхмети го предложи Бујар Османи за претседател: ДУИ бара и потпретседател на државата