Грција лани сруши рекорд во туризмот, ја посетиле 33 милиони туристи

Минатата година Грција ја посетиле 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година, со што се зголемиле и приходите за државата од туризмот и достигнале 20,5 милијарди евра, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Приходите за една година се зголемиле за 15,7 проценти, што се должи и на зголемувањето на бројот на туристи, но и на зголемувањето за 11,5 отсто на приходите од жителите на земјите од Европската Унија и за 18,5 проценти на приходите од туристите од земјите вон ЕУ.

Во однос на бројот на туристи, во 2022 година, бил 27,8 милиони, а лани 32,7 милиони.

Пристигнувањата во Грција преку аеродромите е зголемено за 12,7 отсто, а преку копнените гранични премини за 34,9 проценти.

Во 2023 година, речиси 20 милиони биле туристи од Европската Унија, а останатите над 13 милиони од земјите вон ЕУ.

Претходна вестБојмацалиев: Принципот „прв дојден, прв услужен“ функционираше, сега граѓаните не можат да закажат термин по 7-8 дена
Следна вестКовачевски и Спасовски без фотелјите, ама со апанажите…