САД воведуваат нови санкции против Русија

Пред втората годишнина од руската инвазија на Украина, САД воведуваaт нови санкции против Русија. Заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо нагласи дека 500 цели ќе бидат предмет на казнените мерки, вклучувајќи компании и воено-индустриски комплекси.

САД и нивните сојузници се обидуваат да го задржат притисокот врз Русија и покрај сомнежите околу тоа дали американскиот Конгрес ќе одобри дополнителна помош за Киев. Администрацијата на претседателот Џо Бајден ги исцрпи парите кои претходно беа одобрени за Украина, а барањето за дополнителни средства е во застој во Претставничкиот дом под контрола на републиканците.

Споменатиот пакет ќе биде последен во серијата санкции против Москва објавени од Соединетите Држави и нејзините сојузници по руската инвазија на Украина во 2022 година, во која загинаа десетици илјади луѓе и беа уништени многу градови.

Претходна вестВо две смени – почнува собирањето потписи за кандидати за претседател и за пратеници на Македонија
Следна вестВкупно 57 случаи на голема кашлица во Скопје, засега нема мали сипаници