Предвреме родените близначиња Марија и Василиј си заминаа од Гинекологија

Клиниката за гинекологија и акушерство утрово информираше дека продолжуваат среќните приказни од нивното одделение за интензивна нега и терапија на новородени деца.

Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминале дома како здрави бебиња. Родени биле е во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.

-По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители, стои во објавата на скопска Гинекологија.

Претходна вестКошаркарите против Естонија ја почнуваат трката за пласман на ЕП 2025
Следна вестПолиција пред училиштето „Владислав Рибникар“ поради пријава дека ученик донел нож