Нови вознемирувачки вести доаѓаат од соседна Србија и училиштето ,,Владислав Рибникар” каде на 3-ти мај 14 годишник застрела и лиши од живот осум деца и еден чувар кој бил вработен во училиштето. Овој пат, според пишувањата на српските медиуми, ученик се појавил на училиште со нож.
Полицијата во моментот е пред училиштето „Владислав Рибникар“ поради пријава дека ученик донел нож на училиште.
Претходно, родителите на убиената Ема Кобиљски, Нина и Драган, сведочеа во Вишиот суд во Белград на судењето на момчето за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, што се случи на 3 мај.
Драган Кобиљски, познат тренер по одбојка, низ солзи изјави дека за трагичната вест дознал во моментот додека работел како тренер по одбојка во Романија.
– Јас сум татко на застреланата Ема Кобиљски! Дотогаш имавме бајковит живот, никогаш ништо не ни недостигаше, рече неутешниот Драган Кобиљски на почетокот на своето излагање и додаде дека неговата сопруга Нина тој ден му рекла дека имало пукање во училиштето „Владислав Рибникар“.