Во Германија приведена група Балканци кои вработувале луѓе „на црно“

Младите продолжуваат да ја напуштат Македонија во потрага по подобар живот во европските земји. Една од омилените земји за подобар живот е Германија. Земја каде лесно може да се најде работа, а често пати многу луѓе од различни земји одлучуваат својата работа ја пронајдат на илегален начин. Во последната акција на германската царина, организирана група која посредувала за работа на ,,црно” била разбиена.

Во опсежната операција, припадници на германската царина разбиле банда која организирала нелегална работа во Германија.

Приведени се десет лица, меѓу кои и државјани на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ, јавуваат локалните медиуми. Според медиумските извештаи, осомничените носеле и вработувале луѓе „на црно“, најмногу на германски градилишта. На акцијата и претходела опсежна истрага, спроведена во тајност.

Портпаролот на царината соопшти дека се уапсени тројца српски државјани, тројца Хрвати, еден државјанин на БиХ, еден Германец и еден Црногорец.

Во претресените објекти, освен телефони и компјутери, пронајдено е оружје и околу 75.000 евра. Групата се сомничи дека со организирање работење „на црно“ проневерила околу 10,4 милиони евра.

Германската царина пристапила и до одредени банкарски сметки и запленила три скапи автомобили.

Оваа акција продолжува, бидејќи постои сомнеж дека се вмешани 34 лица. Од германската царина изјавија и дека осомничените биле координирани и организирани и дека добро ги прикривале криминалните дела.

Претходна вестПолиција пред училиштето „Владислав Рибникар“ поради пријава дека ученик донел нож
Следна вестКовачевски: Се е законски со мојата апанажа, а и бев премиер во исклучително тешко време