По реакцијата на официјална Москва за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека „Владимир Путин е луд кучкин син“, реагираше и самиот руски претседател.
Путин рече дека изјавата на Бајден покажува зошто Кремљ верува дека за Русија Бајден би бил подобар американски претседател од Доналд Трамп, пишува Ројтерс. Тој искоментира и дека изјавата на Бајден е груба.
-Подготвени сме да работиме со кој било претседател. Но, јас верувам дека за нас Бајден е попосакуван претседател и судејќи според она што тој штотуку го кажа, јас сум апсолутно во право. Бајден не може да ми каже: „Волоѓа (прекар за Владимир), ти благодарам, браво, многу ми помогна. Ме прашавте што е подобро за нас. Тоа го кажав тогаш и сè уште го мислам – Бајден, рече саркастично Путин на државната телевизија.
Инаку, пред тоа Кремљ вака ја окарактеризира изјава на Бајден: „лош обид да глуми холивудски каубој“.