Земјотрес во Бугарија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија околу 18 часот и 45 минути.

Земјотресот е регистриран на 88 километри јужно од Софија, на длабочина од 13 километри.

Можни се помали материјални штети со земјотреси од оваа јачина.

Инаку, денеска беа забележани уште два земјотреса во регионот, еден во Албанија, што беше почувствуван во западните делови на Македонија и еден во Босна и Херцеговина. Сите земјотреси беа со јачина од околу 3 степени според Рихтер.

Претходна вестТошковски: Однесувањето на премиерот Џафери спрема вработените во МВР е недозволиво
Следна вестПрв пресек: Познато е колку потписи досега имаат собрано кандидатите за претседатели