Академик Коцарев: Им простувам, но не им заборавам на неуките политичари и манипулативниот претседател

Ден пред Прочка академикот Љупчо Коцарев преку колумна потсети дека утре е ден кога треба да побараме простување од оние на кои свесно или несвесно сме им згрешиле и да им простиме на оние што свесно или несвесно нам ни згрешиле.

Тој во својот текст со наслов „Простување: верата наспроти науката“ објавена во реномираниот весник „Нова Македонија“ се осврнува и на тоа дали ќе им прости на политичарите:

-На сегашните неуки македонски политичари и на сегашниот манипулативен претседател на Македонија, поради разнебитувањето на Македонија и поради предавањето и продавањето на сѐ што е македонско, јас ви простувам и се молам за вас – „Оче, прости им, оти не знаат што прават!“ (Лука 23:34), но нема да заборавам… А вие?, праша академикот.

Коцарев и потенцира дека простувањето се разликува од одобрување, оправдување, заборавање или помирување.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

 

Претходна вестМВР ги приведе двете лица кои извршија филмски грабеж во Куманово
Следна вестЗатвореник во „Шутка“ го претепал чуварот и избегал од затвор