Затвореник во „Шутка“ го претепал чуварот и избегал од затвор

Затвореник во „Шутка“ претепал полицаец и избегал. За овој настан информираат од МВР.

-На 15.03.2024 околу 16.50 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осуденикот А.А.(24) од Скопје физички нападнал полициски службеник и побегнал од затворот, велат од министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестАкадемик Коцарев: Им простувам, но не им заборавам на неуките политичари и манипулативниот претседател
Следна вестСиндикат на ДПИ: Во дел од образовните установи се вработуваат неквалификувани лица на водечки позиции