Уапсен 22-годишен скопјанец, превезувал петмина мигранти од Сирија

На регионалниот пат Демир Капија-Неготино денеска околу 5 часот полицијата уапсила 22-годишен скопјанец, кој превезувал петмина мигранти од Сирија.

Во акцијата, како што информираат од МВР, учествувале полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово.

– М.А.(22) од Скопје не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото „пежо“ е запрено, а М.А. лишен од слобода, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.

Претходна вестИзлезноста на претседателските избори во Русија надмина 61 отсто
Следна вестДПСМ прослави 32 години